Салија од Драчево: Пред да умрам сакам барем уште еднаш да ја видам ќерка ми
Салија Нокач е болен и напатен човек кој повеќе од половина живот живее во скопската населба Драчево. Некогаш полесно, а денес во нехумани и супстандардни услови за еден човек. Се започнало пред многу години, кога неговите родители и неговата сопруга живееле под тензија и во недоразбирање. Таа заминала со нивната петгодишна ќерка и повеќе никогаш не се вратила. Сали бил немоќен за да го состави вее скршениот семеен живот, па во тага по ќерка си одел во училиштето каде учела и тајно ја набљудувал. Откако неговите родители починале, сестрите омажиле, Сали започнува да живее тешко. Останува без приход, а здравствената состојба му се влошува. Сакајќи да живее полесно, донел кираџии во домот.
За жал, тие се однесувале нечовечно и му направила сметка за струја која не бил во можност да ја плати. Поради тоа денес живее во мрак и премрзнат. Куќата е во распаѓање. Тече од сите страни и само лонците и тенџерињата се негов придружник во врнежливите денови. Јаде храна по еднаш во денот, а понекогаш и воопшто. Осамен е и тажен. Плаче само кога ќе му го споменат името на ќерката. И, живее за мигот да ја види барем уште еднаш пред да умре и да и објасни зошто биле осудени така да живеат. Секако, посакува и во оваа студена зима некој да му помогне со огрев, храна и финансии за струјата за да може да продолжи пономрално да живее.
Салија по потекло е од Гора. Роден е во Призрен каде останал до својата три годишна возраст. Потоа се селат во Скопје. Живеел во Карпош, на Серава, па во Драчево. Во Драчево останал до ден денес. Со квалитетен и убав семеен живот не може да се пофали. Зашто откако се оженил и добил ќерка-ќе рече тој, родителите и сестрите е ја прифатиле снаат и им правеле проблеми. Тој е затворен човек и не сака никого да обвинува. Можеби најголема казна за сето тоа му заминувањето на сопругата и неможноста цели 35 години подоцна да го види детето. Иако Сали одел во училиштето кришум да ја гледа својата гордост, сепак денес таа му е најголема болка и копнеж за кој единствено постои.
-Моето потекло е од Гора. Јас сум Горанец. Од мал дојдовме во Скопје. И, најголемиот дел од животот од дете, го имам поминато во Драчево. Не беше толку лошо во младоста. Имав голема желба да станам спортис, ама моите не ми дозволија. Подоцна се оженив и добив ќерка, која за жал од нејзина пет годишна возраст досега е одвоена од мене. Моите ми правеа проблеми во бракот и јас не успеав да ја задржам. Сиот живот ми фали ќерката. Живеам само за неа. Уште многу одамна одев во училиштето каде учеше за да ја видам кратко. Сега веќе не знам ни како изгледа. Разбрав дека е фризиерка и дека живее убаво. Ме радува тоа. Барем таа нека е среќна –ќе реќе чичко Салија.
Откако починале родителите на Сали, тој продолжува да работи и да се труди за да преживее. Сепак, доброто и наивно срце на овој човек ќе сакаат да помогнат на едно семејство и тој ги повикува дома за жшто немале каде да одат. Но токму тоа семејство му прави долг за струја поради што Сали веќе седум години живее во Мрак и премрзнат. Пред две години паднал и психички. Лежел и во Бардовци, а за сето ова време куќата пропаѓа. Сали живее само со 4000 денари месечно, средства не доволни за да се плати и купи било што. Нема дрва, премрзнува..Па, на крај и ќе рече. Живеам само за денот да го видам моето девојче од кое бев одамна неправедно одвоен. За да и кажам дека премногу ја сакам и дека мојот живот зависи само од неа.
-Откако починале родителите на Салија започнува тешкиот живот за овој човек. Тој работел приватно додека можел, а сега веќе е болен и психички опаднат поради осамничкиот живот. За да живее финансиски подобро тој дозволил во куќата да влезат кираџии, кои му направиле голем неред и долг за струја кој и денес стои отворен. Затоа веќе седум години овој човек седи без струја. Куќата е во лоша состојба. Исто како и животот на Салија.Па тој замолува да му се помогне да ја плати струјата и да ја поправи куќата. Секако и пред да умре ќе рече тој сака да ја види својата ќерка уште еднаш. Зашто неговиот живот без неа нема никаква смисла-завршува Салија за Срце на Дланка.
Постојат луѓе што се појавуваат кога ни е најтешко. Тие луѓе се препознаваат по насмевката на лицето. Постојат и такви кои се смеат, иако душата им плаче. Токму таквите имаат една дијагноза навечер кога ќе падне мракот. Многу мислат за проблемите во својот живот. Ако познавате такви луѓе, кажете им да се ослободат од мислите и да му дадат шанса на новиот ден и шанса на едно подобро утре.
Доколку сакате да му помогнете на Салија тоа можете да го направите на неговата сметка 200003160453022 и на телефоснкиот број на неговиот сосед Давор 078817609.