Се огласи адвокатот на Палчо: Кажа што побарал од него обвинетиот кој побегна

Како што беше објавено на прес-конференцијата, обвинетиот за двојното киднапирање и убиство, Љупчо Палевески Палчо ја напуштил државата.

Тој со својот адвокат, Васко Стојков заминале за Белград, а сега се огласи токму Стојков.

-Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото. Јас, ништо не знаев за оваа работа.

Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам.

Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси ме прашаа и тогаш им кажав, вели адвокатот Стојков, кажа за Телма