Се огласи и Лазар Бараков: Јасно кажа што мисли за Д-р Жан Митрев
Денеска продолжува и судењето за случајот со клиниката „Жан Митрев“. Одбраната претходно се жалеше дека и се дава премалку време за да може да ги разгледа доказите. Пред судот се собра група граѓани во знак на поддршка на Жан Митрев.
Како што информираа од скопското Обвинителство за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело,
Туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемо-филтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.
Пред судницата се насобрани поголем број задоволни пациенти и поддржувачи на докторот кои го бодрат со громогласен аплауз.
И на социјалните мрежи има голема поддршка познатиот доктор, а меѓу нив е и прославениот македонски актер Лазар Бараков кој сподели објава за поддршка на Жан и притоа во коментар напиша:
Не простувајте им’ !!! Нека се чукнат сами по нивните забетонирани глави и нека разберат: Што праваат…