Се упoкoи балканската музичка ѕвезда која многу ја сакаше и почитуваше Македонија
Да го познаваш македонскиот фолклор, традицијата, е прашање на општа култура. Македонија со својата географска позиција меѓу Мала Азија и Централен Балкан несомнено ја искористила шансата да создаде неверојатна музичка култура.
Македонскиот фолклор е најубавиот на овие простори – изјави во една неодамнешна прилика балканската музичка ѕвезда Масимо Савиќ.
Пред неколку моменти од Хрватска ни пристигна и тоа како тажна вест која вели дека Масимо не е повеќе помеѓу нас.
„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напуштија по кратка, но херојска бо рба.
Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеана, топла, силна, полна со љубов и исткаена од уметност. Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш.Ани и Мирна“,
Стои во објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница на фејсбук. Тој имаше 60 години и беше чест гости во Македонија и соработуваше со низа наши музичари.