Синот, снаата, свекорот и свекрвата спијат во иста соба, ова семејство објаснува како изгледа сето тоа и како функционираат

Петчленото семејство Хасановиќ од босански Скулан живее во мала, дотраена куќа. Имено, за време на зимата, Смајо (75), Сабра (67), како и нивниот син Салим со снаата Елмедина и ќерката Селма, спијат во само една просторија.

И таков живот, како што се истакнуваат, воопшто не е лесен, само ги спасува што сите се согласуваат добро и се стремат да обезбедат подобри услови.

Свекор, свекрва, син, снаа и внука, спијат во иста соба. Сите на куп, но од друга страна, тие посочуваат дека се многу сложни и дека имаат разбирање. Тие не губат надеж дека ќе успеат да го прошират својот дом.

За време на немилите настани тој останал без покрив над глава но подоцна со донации тие имаат изградено куќа која има една просторија, кујна, ходник и бања, која сè уште не е завршена.

– Се вративме пред 18 години. Не е лесно тука да се живее. Премногу е ладно во зима, дува од сите страни. Бетонот е покриен со тепих надолу, вели Сабра.

И Сабра и Смајо имаат многу здравствени проблеми, и оставаат многу пари на нивните лекови и основни потреби. Семејството едвај крпи крај со крај.

Тие чуваат неколку овци, работат за дневница и добиваат минимална социјална помош. Синот и снаата се обидуваат да го направат својот начин на живот поедноставен но тешко им оди.

– Немам работа, ниту сопруг ниту јас, кога ќе пристигне пролет има по нешто работа, но зимото навистина не можеме да издржиме.

– Одиме заедно со сопругот во планината и собираме дрва дел ги продаваме дел ги користиме за нас, не ми е тшко да одам во шумата, вели Елмедина.