Славица Ангелова откако победи на „Ѕвезда Гранда“ најави дека се сели од Македонија – кажа и каде
обедничката на овогодинешната сезона на „Ѕвезда Гранда“, шармантната Македонка Славица Ангелова застана пред камерите на порталот Гранд и веднаш на почетокот се заблагодари за сесрдната поддршка од родната земја.
– Верувам дека сите се горди на мене и се надевам дека како единствена Македонка на најдобар начин ја претставувам својата земја – го започна разговорот натпреварувачката, а потоа им откри на гледачите кои се нејзините планови по завршувањето на Шеснаесеттата сезона од најпопуларното музичко натпреварување во регионот:
– Ќе се обидам уште повеќе да работам на себе, вокалот, личноста и кариерата. Се надевам дека песните што ги пишувам ќе бидат квалитетни и дека публиката ќе ги прифати.
Со оглед на деловните обврски што ја очекуваат по натпреварот, не интересираше дали Славица планира во блиска иднина да се пресели во Белград.
– Студирам медицина, а планирам да се префрлам овде кога ќе дојде време за специјализација. Би сакала да живеам овде бидејќи Белград ми е навистина убав – изјави Славица за Гранд.