Славната македонска глумица и пејачка во кома – се огласи нејзиниот неутешлив син: Не знаеме како преживеа
Костадинка Велковска, хрватска актерка и пејачка со македонско потекло, во јули годинава доживеа мозочен удар и оттогаш е во КБЦ Загреб. Костадинка се уште е во кома поради последиците од мозочен удар, а дали има промени откри нејзиниот син Никола.
– За жал, нема промена на подобро. Така е од јули, а имаше денови кога се чувствуваше полошо. Не знаеме како го преживеала тој инфаркт, но силна е. Како семејство добро се согласуваме – изјави нејзиниот син Никола за „24 сата“, додавајќи:
– Стабилен е, но онесвестен – додал неутешниот син.
Инаку, на актерките претходно и нашле бениген тумор на мозокот кој го отстраниле, но се појавил уште еден.
– Приватно ништо не ме кочи, нормално одам до продавница, си готвам нешто, концентрацијата ми е добра, гледам, слушам, се сеќавам на текстот и се радувам на се што ќе дојде. Секоја нова улога, секој проект – рече тогаш Велковска.
Познатата актерка во април оваа година изјави дека повеќе е на лекар отколку на сцена, но дека тоа нема да и ги попречи идните планови.
Инаку, актерката планираше да се прости наесен со одржување концерт на македонски песни.