Славчо Попоски најавува: Македонија ќе гори, температурата ќе оди и до 43 степени
July 7, 2023
Младиот стружанец Славчо Попоски кој со своите метео-анализи е хит на социјалните мреж секогаш знае да привлече внимание.
Овојпат Попоски одново се огласи на својот фејсбук профил каде што го најави времето за следниот период и притоа напиша:
„Африканскиот многу топол бран кој ќе го зафати целиот Балкан следната седмица.
Најизразен ќе биде во соседна Грција и ќе се задржи и после 15 јули, тогаш кај нас температури ќе се искачат до 42, 43 степени а во соседна Грција дури до 47, 48 степени (под сенка)“.
Дали прогнозата ќе се покаже како точна останува да видиме.