Србинот Душан моли за помош по она што му се случило вчера во Чаир кај школото Лирија
Србинот Душан Марковиќ се огласи на инстаграм со видео порака и текст со кој соопшти со што се соочил при посетата во Скопје.
„Вчера околу 6 по пладне ми беше ограбен колата. Лаптоп со три хард диска, камера сони со три објектива и дрон, како и женски несесер. Но најбитно ми е материјалот кој е на хардисковите. Има и немонтирана свадба, па луѓето ќе останат без свадба.“ вели меѓудругото додека зборува и притоа вели.
„Нека задржат се, само материјалот да ми го вратат, ќе платам ако треба и плус“, а во постото пишува:
Скопје, 19 мај, паркинг во близина на училиштето „Лирија“, населба Чаир.
АКО НЕКОЈ ИМА КОНТАКТИ ВО СКОПЈЕ, СО КОСОВО или АЛБАНИЈА, ве молам за помош. Изгубив опрема вредна над 2.000 евра, и што е најважно, сите проекти на кои некогаш сум работел. Апсолутно сè.
Доколку следите огласи, групи за продажба, во Македонија или Косово, би ви била благодарна. Бидејќи влеговме во албанска населба, застанавме на 5 минути да размениме пари. И сè однема. Најважни ми се проектите. Тие можат да ја задржат опремата