Стефан Лазаров по погребот на Кико: Господ ќе ве казни, плашете се од него

Стефан Лазаров се огласи на својот фејсбук профил по погребот на Кико и притоа напиша:

Денес Кико замина во вечното почивалиште, знам дека е на подобро место. Повеќе нема да се мачи, а ние ќе се сеќаваме на него засекогаш како ведро, среќно и убаво дете кое секогаш имаше насмевка и покрај сите животни предизвици…

Искрено сочувство до целата фамилија, денес беше тежок ден за сите

Околу донацијата, жално е какви луѓе постојат и немаат грам чувство на емпатија и разбирање и во овие моменти дури читам дека сум знаел дека ќе се случи ова и битни ни биле само парите.

Не ви се лутам, небитни сте, ама Господ ќе ве казни, плашете се од него.

Како што кажав, донација од семејството Коцеви ќе биде извршена наскоро на место каде што е потребно, не правете притисок во овие моменти..ве молам имајте разбирање дека во моментов им е до се, освен до парите. Ќе бидете известени..