Стојка: Синот не може сам да се грижи за себе, немаме струја ниту бања, како ќе продолжиме не знам
Тамара Мисирлиќ, млада хуманитарка, го посети семејството Младеновиќ со цел да им обезбеди подобри услови за живот и егзистенција.
На ова семејство кое го сочинуваат мајката и таткото и бо лниот син им е исклучена струјата поради неплатени сметки, а немаат ниту бања.
Семејството Младеновиќ живее на непристапен планински терен, со детски додаток и социјална помош, без основни услови за живот.
Немаат ниту бања, а Вељко е дете со пречки во развојот и го дели трошниот кревет со мајка си. Неговата здравствена состојба дополнително е загро зена од условите во кои живее.
Вељко оди во училиште за деца со посебни потреби. Неговата мајка Стојанка Младеновиќ е неспособна да работи, бидејќи мора да го носи синот на училиште, како и на терапијата што ја прима во Ниш.
– Што да правиме, се справуваме како можеме и умееме, морам да се грижам за него, не може сам ништо, не може ни да се измие – вели Стојанка.
Вељко е скромно момче, нему не му треба многу, вели дека би сакал да има своја соба и бања, во разговор со Тамара Мисрилиќ.
Семејството е на 12 километри од Бујановац, а на осум километри од првата продавница во соседното село. Со што уште повеќе и е отежнато секојдневното функционирање.
Куќата во која живееле е речиси урна та, а куќата во која моментално престојуваат им ја дал роднина и е во многу лоша состојба, има бројни пу кнатини на таванот и ѕидовите, а прозорците се стари и искр шени.
Подот е во нечистотија, целиот мебел е стар и нефункционален. Тие се изолирани од цивилизацијата и живеат во неизвесност да не станат бездомници.