Сузана Гавазова: Не може да ме уништите кои и да сте
По повод Денот на независноста на 8ми септември неколку наши музичари го откажаа настапот за којшто споделија дека отпосле разбрале дека бил партиски. Меѓу нив беше и Сузана Гавазова која сега пак се огласи:
Добар ден на сите. Ред е и јас да кажам за тоа што некој се обидува да ме ”уништи” со тоа што ме нарекува предавник,парољубец,пеам Бугарски песни,пеам Горански песни,Српски, Ромски,Грчки.
Само да знаете Македонија е срцето на Балканот и од овде се треба да знае еден пејач. Неможе да ме уништите кои и да сте.. не се плашам од вас,мене народот ме сака затоа што сум направила добрини,правам и ќе правам.
Срамота е што се обидувате на жени,мајки и пејачки кои го дале целиот живот за Македонската песна така да пишувате и така да навредувате. Зошто не се обидете на маз така? Затоа што немате храброст па затоа удирате на жена!
Ниту сум ја предала Македонија ниту сум ја украла,тој што ја предал нека му ја мисли а и тој што ја украл рацете да му се исушат.
Ви смета што пеам секакви песни..а не ви смета што браќата Срби ечат во Македонија!