Сузе Турунџиева отпатува и се огласи: Тука Македонската Дијаспора е многу силна, бројна и обединета
Сузана Турунџиева важи за една од најпознатите македонски поп-пејачки, писателки и телевизиски водителки.
Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници.
Уште од шест годишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири.
Во последно време е активна на водителски план со оглед на тоа што можеме да ја гледаме на фрекфенциите на Алфа Тв.
Неодамна Сузе беше на службено патување надво од границите на нашата држава, а за истото на својот фејсбук профил напиша:
Во чест на празникот Св.Трифун, со екипата на ТВ Алфа бевме поканети на прекрасен настан во земјата на часовниците и чоколадите,
Земјата во која има повеќе од 1500 езера, има повеќе банки од стоматолози, земјата со најниска стапка на криминал во светот,
Единствената земја која конструирала авион на соларна енергија, единствената земја која има знаме во квадратна форма,
Земјата која имала универзитет уште во далечната 1460 година и каде една од најскапо платените професии е професијата наставник, и земја во која Македонската Дијаспора е многу силна, бројна и обединета – Швајцарија
Во утрешното издание на Утринската на Алфа, со почеток во 8ч ќе ја погледнете репортажата од Швајцарија и многуте успешни приказни на нашинци кои живеат таму.