Талески се огласи за првпат откако беше тепан со пендрак од полицаец и откри што ќе се случува
Македонската, но и регионалната јавност е згрозена и се уште коментира за потегот на полициски службеник од Охрид кој физички го тепаше Филип Талевски.
По крајот на финалето од Купот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер дојде до мешаница крај клупите во која се вклучија и полицајци.
Народски кажано најдебелиот крај го извлече членот на Вардар и македонски репрезентативец Филип Талевски кој доби удар со пендрак.
Од МВР попладнево се огласија до јавноста и соопштија дека е оформен предмет за споменатиот случај.
Попладнево, речиси 24 часа по немилиот настан се огласи и самиот ракометар кој во изјава за спортскиот сајт Спортмедиа.мк истакна дека е добро и притоа додаде:
Среќа што го видов на време, во спротивно ударот ќе беше многу пофатален“, вели Тале и продолжи:
„Ова, за жал, најмалку треба да биде слика од еден спортски настан. Играчите треба да бидат заштитени од лицата за јавна безбедност, а не спрoтивното. Покрената е постапка, овој случај ќе се решава пред органите на државата. Не би сакал повеќе да се мешам, ниту да додавам“