Тамара Тодевска емотивно се отвори: Не се срамам од тоа, живеев во агонија, се се претвори во чума
Пејачката Тамара Тодевска по седум години брак со македонскиот кошаркар Александар Димитровски реши да стави точка на романсата, бидејќи повеќе не издржа да биде во „кафез“. Таа истакна дека одлуката не ја донела преку ноќ, а денес е среќна што конечно може повторно да здивне.
Нејзината најнова песна „Нијагара“ е создадена во моментот на нејзината најголема тага, но и пресвртот што и се случи во животот.
– Во тој `кафез` бев многу долго, живеев во агонија, се се претвори во чума, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Додека пишував ми се врати она што ми се случи во претходниот период.
Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина го сакате. Ова е за сите што имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација – рече Тамара, пренесува српски „Информер.рс“.
Пејачката откри дека се уште е мажена, но повеќе не живее со кошаркарот.
– Сè уште сум официјално во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак. Одлично е што направивме еден за друг – истакна пејачката која по разделбата од сопругот имаше голема поддршка од семејството и пријателите.
Тамара Тодевска истакна дека за секој проблем има решение, но треба да се биде храбар.
– За се има излез, само треба да верувате. Не излегов сама од тоа, има поддржувачи, родители, психолози, не се срамам од тоа. Најважно е што излегов од тој кафез – заклучи Тамара.