Трагедија ја потресе Македонија: 25-годишно момче отишло на работа и загинало
January 17, 2024
Уште една трагедија денес ја потресе Македонија која однесе живот на млад човек.
Денеска (17.01.2024) во 09:15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С.(25) од с.Сингелиќ, скопско, кој набргу починал.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма, на објект во изградба на подрачјето на Центар.
Увид е извршен, а известени се трудова инспекција и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.