Ферчо, внукот на Ферус Мустафов открива што му претходело на мозочниот удар и смртта – се сомневаат дека тоа можеби е причината

Неодамна, Македонија стана посиромашна за уште една музичка легенда којашто го напушти овој свет. Кралот на саксофонот Ферус Мустафов херојски се бореше речиси еден месец за својот живот, но неуспешно.

Се појавија многу шпекулации во врска со неговото здравје, па и причина за заминувањето, затоа неговиот внук Ферчо реши да ја каже вистината.

– Дедо ми имаше мозочен удар, не знаеме која е причината зошто ги тргна лековит4е кои требаше да ги пие доживотно, тие се за спречување на мозочниот удар, но тој ги прекина и после можеби помалце од месец дена се случи тоа.

Беше дваесетина дена во кома. Се случило дома кај него, неговата ќерка малечка видела, се јавиле на моите родители и го однеле во клиниката 8ми септември. Беше во кома, се разбуди ни кажа дека иде работата на подобро, дека е постабилен, но потоа не можеше да издржи.

Бевме на емисијата Кафанско вече во Босна и таму исто имаше мал мозочен удар, но за среќа тогаш помина се во најдобар ред. Сега, зошто и како му ги тргнале од терапија лековите ние не знаеме зашто тој сам бил кај докторот.

Знам дека имаше доста закажани настапи низ целата година. Тој се сакаше сам да си работи, надвор плочки, туш кабини, цело време во движење, буквално никогаш не мируваше, вели Ферчо за Бекстејџ.

Комеморацијата се случи, но она што беше навистина за изненадување е дека многу малку луѓе се појавија на истата.

– Точно е дека повеќето колеги од Србија се јавија и го испочитуваа неголи кај нас. Баш тие луѓе на коишто помогна дедо ми, не се ни јавија, додава Ферчо Мустафов.