(ФОТО) Антониа Гиговска објави две во едно: Чека дете и доби прстен – познато кој е среќникот
Антонија Гиговска е едно од младите музички имиња на македонската сцена која штотуку ја почнува својата музичка кариера и е меѓу омилените кај младата популација.
Гиговска е победничка на музичкиот фестивал „Макфест 2018“. Со нумерата „Никогаш не вели никогаш“ и 30 освоени гласови таа го освои првото место на реномираниот фестивал.
Истата година беше избрана за придружен вокал на групата Eye Cue која ја претстави Македонија на Евровизија 2018 и придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија 2019.
Во период кога кариерата и е во најголем подем и има еден куп настапи, реши денес да откри една убава и радосна вест.
Имено пејачката на својот инстаграм профил објави среќна информација со низа фотки во која се вели:
Долго време молчеевмее а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.
Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен ми ден, ааа и погодете која ќе стане мајка п.с Прстенот го бирал сам, уми рам од среќа… си славам роденден,бебче,прстен, сеееее.
Што мислите, машко или женско, пишете во коментар (ние знаеме)
Среќникот кој доби сопруга а очекуваат и дете е музичарот од нејзиниот бенд, т Роберт Спасенцовски , попознат како Џокер.