(ФОТО) Атиџе дотерана како никогаш до сега – доби големо признание
Атиџе Муратовска, главниот лик од документарецот Медена Земја по подолго време се појави во јавност и тоа дотерана како никогаш до сега.
Нејзината другарка Сузана Турунџиева се огласи на фејсбук каде што сподели:
Иако Атиџе не е Битолчанка, вчеравечер во Битола, на манифестацијата „Најуспешни битолчани“ во организација на Битолски весник доби специјална награда за афирмација и промоција на Македонија во светот, за што сум неизмерно благодарна на мојот град и на организаторот Менде Младеновски.
Јас исто така бев почестена со една од најпосакуваните награди за еден музичар – наградата Ајри Демировски – човекот кој ја напиша Битола мој роден крај и уште многу други безвремени песни.
Беше огромна чест да се биде во друштво на најуспешните и тоа во својот роден град.
Така да од вчеравечер Атиџе можеме да ја сметаме за пола битолчанка. По тој повод заедно отпеавме и дел од нашата заедничка. Од Бекирлија до Битола”
Благодарам Битола што ја испочитувавте жената која со нејзината едноставност и автентичност го освои светот и му ја испрати најсилната порака: Пола за пчелите пола за мене.