(ФОТО) Атиџе по подолго време се појави во јавноста – и тоа во друштво со еден од најмоќните луѓе во светот
Пред да стане главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова никогаш не патувала со авион, никогаш не престојувала во хотел, никогаш не била во кино.
Три години потоа, преку неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, домашната и светска јавност добија можност да се запознаат со фасцинантниот портрет на оваа извонредна жена.
Едноставна, мила, скромна, Атиџе зрачи со добрина и позитивна енергија и многу животни мудрости. И понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.
За Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка и Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја и нивното пријателство не треба да се трошат премногу зборови.
Подолго време ја немавме видено Атиџе во јавноста, се до денес кога беше во друштво на видни луѓе.
Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајмаер, кој е во дводневна официјална посета на земјава, утрово заедно со неговиот домаќин, македонскиот претседател, Стево Пендаровски прошетаа низ Старата скопска чаршија.
Дождливото време не ги спречи двајцата претседатели да уживаат во архитектурата, амбинетот и дневната динамика на една од највпечатливите знаменитости на главниот град на Македонија.
Германскиот претседател посети дел од занаетчиските дуќани во чаршијата, каде почестените од неговото присуство сопственици му ги презентираа вешто изработениот накит, како и слатки.
Во Чифте-амам се сретне со екипата од македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој беше кандидат за „Оскар“, а Атиџе му подари од својот мед.