(ФОТО) Веќе нема мрдање – Сани стави потпис, се е црно на бело
Ако некоја македонска фолкерка може да се пофали и со глас и со стас, но и убаво и вито тело, тогаш тоа несомнено е Сања Сани Гроздановска.
Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.
Кога станува збор за македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје.
Македонската фолк пејачка е позната и по тоа што зад себе има два брака, а според една нејзина изјава, таа не се застана таму и отиде на трет.
Изминатиов период Сани повторно го живее најубавиот момент во животот бидејќи има нов животен партнер со кој веќе официјално ја зацврстија врската.
Неодамна Сани се вери со нејзиниот избраник Никола Урдаревиќ, новогодишните и божиќните празници ги помина со него и со нејзините ќерки во Швајцарија, а сега сподели уште една новост.
Имено, двајцата партнери и официјално ставија потпис на нивната врска, а сето тоа Сани го сподели на нејзиниот Инстаграм профил каде што напиша: Сам си ја потпиша судбината