ФОТО: Го имаме шампионот за креативност на овој 8-март, девојката ова ќе го памети долго

По повод 8- март- денот на жената, многумина купуваат разни поклони на понежниот пол и ги радуваат со секакви подароци.

Секако најпознат подарко е цвеќето, кое може да се сретне во разни варијанти, и во овие денови се чека на ред за да се дојде до него.

Но секако овде не се исклучуваат и други подароци, а идејата на некој луѓе пак нема граница и иновативноста е на едно големо ниво.

Слободно можеме да кажеме дека шампион во приредување изненадување односно креативност за овој 8-март доаѓа од соседна Србија.

Имено едно момче од Нови Сад на најпријатен и неочекуван начин ја изненади својата девојка која долго ќе го памети овој ден.

Тој на автомобилот на својата девојка, оставил неколку пораки, односно на лист залепил порака која гласи ,,Те сакам Бубичка”

Но посебно внимание привлекува и слатката чокалада залепена на ретровизорот, чокалада ,,Најлепше жеље” која дава дополнителен шмек на сето ова.

Посебно затечени од оваа глетка, случајните минувачи го снимија овој потег, во најмала рака креативен гест на еден прекрасен човек и го споделија на социјалните мрежи:

Позитивни коментари за ова момче постојано доаѓаа: „Браво, убавини, тоа е важен знак за внимание“, „Крал“, „Се најдобро“.

Но, имаше и некои урнебе сни коментари „Подобро да и го среди браникот“, „Би сакал некој да го тргне лепакот од селотејп“, „Чудо е што некој не укр ал чоколадо за ретровизор“.