(ФОТО) Градоначалникот на скопската општина го вработи Никола за кој се крена цела Македонија на нозе да му помогне

19 годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија од денес ќе биде мој соработник во општинската администрација на општина Гази Баба.

Кога прв пат го сретнав Никола, запознав еден млад човек, полн со живот, кој ми кажа дека по сите предизвици со кои се соочил во животот, сака да се вработи и да биде самостоен човек.

Таа желба на Никола од денес станува реалност. Никола ќе биде дел од мојот тим и ќе има можност да даде свој придонес во напредокот на општина Гази Баба.

Што се однесува до лекувањето на Никола, тоа се одвива согласно утврдениот протокол и тој на 17ти Јули, треба да замине за Турција со цел примање на четвртиот дел од терапијата.

Никола, кога те запознав ти кажав дека во мене низ целиот твој живот ќе имаш пријател и сојузник. И тоа ќе остане така!За мене нема ништо повредно од тоа кога знам дека со одредена моја постапка, сум причината за нечија среќа. – објави Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба и додаде:

Среќата е единственото нешто кое се множи, во оној момент кога се дели. Никола од денес ќе биде дел од една успешна приказна. Среќен сум што запознав еден млад човек, како што е Никола! Само заедно сме посилни и можеме да победиме се!