(ФОТО) Даниел Кајмакоски се пофали со прекрасна вест: Кога љубовта се претвора во живот

Помина долго време откако македонскиот пејач и победник на Х фактор Адриа се повлече од македонската сцена и замина да живее и работи во Белград.

Кајмакоски и стана познат на македонската јавност со победата на музичкото натпреварување х фактор Адрија, а потоа како претставник на Македонија на Евровизија во 2015та година.

Во неговите рани години, тој и неговиот татко Павле Кајмакоски којшто е многу талентиран и скоро секоја работа ја научил од него свиреле заедно по свадби, крштевки и слично, па уште од тогаш бил забележан неговиот бескраен талент.

Беше во брак со Кристина Димитриевска, добија син, но по три години заеднички живот се разделија. По ова Кајмакоски реши да се пресели во соседна Србија каде што живее во Белград.

– Луѓето ми дадоа огромна поддршка и затоа најдов свој дом овде. За мене остварувањето на мојот сон започна во Белград и можам да се пофалам дека имам привилегија да го живеам мојот сон, објасни Кајмакоски.

Она што неодамна го привлече вниманието на јавноста е тоа дека Кајмакоски почна јавно да ја покажува неговата нова избраничка со која се венчаше.

Овојпат, Кајмакоски се пофали на Инстаграм со веста дека повторно ќе стане татко: Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име..Во исчекување на нашето мало момче, напиша Кајмакоски.
\