(ФОТО) Дејан се огласи од Граничниот премин Евзони: Пекол
August 3, 2023
Соседна Грција и понатаму е една од омилените дестинации за одмор на многу Македонци и покрај непријатните доживувања што ги искусуваат.
Секојдневно читаме во групите на Фејсбук кои пренесуваат информации за патувањата во Грција, за препораки за места, но и за незгодите кои им се случуваат како на нашинците, така и на соседите кои одат таму на одмор.
Иако многумина тргнуваат мислејќи дека нема да фатат гужва на граничните премини неретко се чита дека едвај издржуваат на граница со саати чекајќи влез во Грција.
Километарски се колоните возила кои чекаат да влезат во земјата која нуди многубројни плажи и прекрасно море. Така и овојпат извесен Дејан додека чекаше напиша: 9.34 пекол на Евзони, 1 км колона.