(ФОТО) Еден од најекспонираните македонски градоначалници ги засука ракавите и плевеше трева
Максим Димитриевски е еден од повпечатливите македонски политичар кој е актуелен градоначалник на Општина Куманово од 2017 година и во моментов го извршува својот втор мандат.
Во едно неодамшено интервју Максим зборуваше дека сопругата најмногу го поддржала кога решил да влезе во политиката.
– Главната поддршка доаѓаше од мојата сопруга која се вика Надица, таа е учителка по професија, работи над 15-години.
Јас живеам во семејна заедница со моите родители, во истиот тој семен дом. Јас сум горе на спрат. Еве веќе доаѓа време кога децата си го бараат своето, па можеби ќе се одделиме, ќе излеземе во ново живеалиште, но како и да е, тие одлуки се семејни“, рече тој.
Тој освен што е успешен во својата кариера, исто така е и семеен човек, сопруг и татко на три деца – Милан, Вероника и Димитар.
Градоначалникот Максим секојдневно е активен на социјалните мрежи каде ги споделува завршените и планираните проекти во Куманово, но и по некој момент од приватниот живот.
Димитриевски во текот на вчерашниот ден се огласи на социјалните мрежи и преку својата фејсбук страна откри што правеше:
Сабота ден за работа во градина – плевење трева – Ви посакувам убав викенд на сите драги пријатели