(ФОТО) Елена Велеска во друштво со еден од најбогатите Македонци во Америка
Елена Велевска е добро познато име и презиме на македонската сцена и важи за една од најдобрите, најпопуларните и секако најбараните фолк поп пејачки во Македонија, но и во дијаспората.
За Велевска е познато дека што и да облече го носи со стил, па за неа важи дека е една од дамите на домашната сцена која што секогаш внимава на својот изглед и имиџ.
Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста.
Како што е познато Елена заедно со уште неколку свои колеги од македонската музичка естрада се на америчка турнеја помеѓу нашинците таму.
Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е роден во село Марул, Прилепско, а од 1970 година заминува за Америка, Њујорк, кај својот постар брат Јосиф.
Кариерата ја почнува како инженер, работејќи во Њујорк универзитетот. По петгодишен престој во туѓина, двајцата браќа Македонци, Јосиф и Ѓорѓија Атанасоски ја формираат фирмата Microflex Inc. Денес, на повеќе од 16.000 метри квадратни, во Ормонд Бич на Флорида, индустриски е лоциран комплексот на Microflex Inc.
Оваа мултимилионска производствена корпорација, со комплетно автоматизирани погони, се занимава со изработка на флексибилни метални производи со врвен квалитет. Сведоштво за тоа е долгогодишната успешна соработка на компанијата, сопственост на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, со светски познатите компании: Форд, Крајслер, Џенерал Моторс, Џенерал Електрик, НАСА и многу други фирми во светот.
Во 1994 година Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидираше за претседател на Република Македонија.
Со цел да создаде верба во независните медиуми во земјава, во 1994 година го кофинансира, организира и етаблира првиот светски неделник “Македонско сонце” како искучително независен медиум.
Во 1996 година ја основа и станува претседател на “МАК АМ Интернешенл Корпорејшн” меѓународна трговска компанија со филијали во Флорида, САД, Скопје и Прилеп,чија основна дејност е увоз-извоз на производи во и од Македонија. Воедно, тој е сопственик и на хотелот “Липа”, хотелот “Сонце ГА” и на фирмата “Жито Прилеп” од Прилеп.
Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски во 1996 година ја формира и станува претседател на партијата Македонска алијанса. Оваа партија има ограноци во речиси сите замји во светот каде што живеат Македонци. Македонска алијанса, според својот статут и програма во кои се втемелени патриотските ставови на Атанасоски, претставува синоним за националната борба на македонскиот народ, но воедно има поставено и амбициозни планови за излез од економската криза на државава, а се со една цел – севкупен просперитет на татковината Македонија.
Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е основач на Телевизија Сонце, која за прв пат започна со емитување на сопствена програма во 2008 година како национална сателитска телевизија. Атанасоски ги финансира изградбата и развојот на телевизијата. Концепцијата и уредувачката политика на оваа ТВ куќа е да информира за случувањата и политиката на Македонија кои се базираат врз основната цел – афирмација на македонските национални вредности во Македонија и во светот, поточно секаде каде што живеат и работат Македонци.
Во 2015 година Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски ја основа Фондацијата Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Целта на Фондацијата Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е заштита, обнова, унапредување и промоција на македонското историско, национално, културно и духовно наследство и богатство, во Македонија и во светот и подршка и развој на граѓанското опшество , едукација на млади од секоја област, организирање на јавни дебати и трибини , хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се хуманитарни активности, образование и животна средина, стипендирање и подржување на талентирани студенти од било која област.
Јанко Илкоски, или Јанко Јади Бурек на својот профил на Твитер сподели токму заедничка фотографија од Џорџ и Елена направена во далечната Америка за време на прославата за празникот Водици.
Ве поздравија Елена и Џорџ од топлата Флорида. Бај д веј, Ѓорги Атанасоски е сопственикот на ТВ Сонце, ако не сте знаеле. За Велевска не треба дополнителни податоци.