(ФОТО) Зоки Фаци се огласи од болнички кревет по операцијава утрово: Се надевам канцерот е минато
Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел.
Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.
Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.
Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки
Тој денес се огласи од болнички кревет од клиниката за Пластична хирургија и притоа кажа.
„Утрово во 11 часот заврши операцијата, се освестив, имам катетар. Фала ви на сите, јас сум добро, со еден стар дедо сум во собата. Се надевам дека карциномот е минато и нема да се вратам никогаш тука.