(ФОТО) Иван, поранешниот на Антониа Гиговска откри како се чувстува сега
Она што навистина направи потр ес во македонските и балканските медиуми со сигурност е новоста која ја сподели нашата пејачка во подем, Антониа Гиговска.
Антонија Гиговска е едно од младите музички имиња на македонската сцена која штотуку ја почнува својата музичка кариера и е меѓу омилените кај младата популација.
Имено пејачката на својот инстаграм профил објави среќна информација со низа фотки во кои сподели радосни вести: 22ри роденден, веренички прстен и трет месец од бременоста.
Среќникот кој доби сопруга а очекуваат и дете е музичарот од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски , попознат како Џокер.
Како што и самата истакна во описот на објавата, Гиговска долго време молчеше дека е во љубовна врска со Роберт, кој му е добар пријател на нејзиното поранешно момче, пејачот Иван Јованов со кого ја раскина неколкугодишната врска пред неколку месеци.
Јас не сакам да коментирам бидејќи не сакам да го заг розам нивниот пат. Ги почитувам и двајцата, времето ќе покаже кој како постапил, дали погрешно или праведно, меѓу другото.
Јас не сум зл опамтило. Ако тие одлучиле тоа да е така, мене ми е сеедно, изјави Иван во разговоорт за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Пејачот не се огласи во екот на случувањата, но затоа на неговиот Инстаграм профил сподели нова симпатична фотка со која со сигурност ги мами погледите на многу девојки.
Но, она што привлекува внимание е еден од коментарите во кој го прашуваат како се чувствува, а Јованов одговара: „Фантастично“