(ФОТО) Костадин Костадинов покажа во какво друштво синоќа пиеше ракија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов деновие ги полни насловните страни на медиумите, а причината не е некој проект за општината или достигнување во политиката, туку сосема друго.

Имено станува збор за приватниот живот на младиот, но веќе успешен Струмичанец кој требаше да влезе во брачните води.

Но тоа барем засега нема да се случи откако ја раскинал свршувачката и свадбата со својата веќе поранешна девојка Марија Десанова која и веќе претходно ја запроси.

Раскажуваше дека го сакаат планинарењето, заеднички се грижат за Лана, кучето кое го вдомиле, а ја покажа и својата романтична страна кога ја објави фотографијата од свршеничкиот прстен, со емотивна порака.

– Животот ми овозможи да те запознаам, Бога пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад- објави Костадинов во јануари 2021 година.

Но сега нема ништо од тоа, а на оваа тема кратко за Фокус.мк одговори: Темата е навистина приватна, не би ја коментирал.

Од друга страна Костадин и понатаму е активен на социјалните мрежи, па преку фејсбук профилот се пофали како си поминал синоќа:

Прави Струмичани во сабота излегуваат и пијат по една ракија На по една со легендата Владо Илиевски во пресрет на големиот празник Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици.