(ФОТО) Македонската водителка повторно бремена – се пофали дека очекува втора принова
Помеѓу неколкуте впечатливи водители на утринската програма на македонските телевизии е секако препознатливата Цеце Тодосовска.
Шармантната Цеце Тодосовска е познато лице од малите екрани. Со новинарство се занимава веќе 15 години, а повеќе од 10 години ја гледаме на телевизија Телма.
Тодосовска работела на многу ТВ-проекти, но највпечатлив е „Утринска на Телма“ која го води заедно со колегата Ненад Ѓоргиевски.
Еден подолг период паузираше од ТВ екраните и од проектот кој го водеше „90 минути“ за што во тој период изјави дека имала смирен период посветен на други активности.
Цеце пред околу две години и се оствари најголемата желба во животот – го доби синчето Бодан.
Таа и нејзиниот сопруг Стојанче Тодосовски стапија во брак во 2018 година. На нивната свадбена церемонија присуствуваа сите членови од нивното семејство и пријателите, но и нејзините колеги од утринската емисија.
Иако вешто го криеше тоа од јавноста, Цеце конечно објави уште една радосна вест за неа и нејзиното семејство.
Имено, водителката го покажа трудното стомаче и откри дека е бремена веќе во 30тата недела.