(ФОТО) Максим Димитриевски и упати на сопругата романтични зборови полни со надеж: Со божја волја продолжуваме
Максим Димитриевски е еден од повпечатливите македонски политичар кој е актуелен градоначалник на Општина Куманово од 2017 година и во моментов го извршува својот втор мандат, но за разлика од првиот кога беше од СДСМ, сега е независен.
„Главната поддршка доаѓаше од мојата сопруга која се вика Надица, таа е учителка по професија, работи над 15-години.
Јас живеам во семејна заедница со моите родители, во истиот тој семен дом. Јас сум горе на спрат. Еве веќе доаѓа време кога децата си го бараат своето, па можеби ќе се одделиме, ќе излеземе во ново живеалиште, но како и да е, тие одлуки се семејни“, рече тој во една прилика.
Вчера, Максим Димитриевски сподели заедничка фотографија на Фејсбук и традиционално, како и секоја година, и упати романтични зборови на сопругата со цел да си честитаат:
Дваесет и три години заедно, продолжуваме заеднички со сите убавини и потешкотии, заеднички успеси и понатамошни животни предизвици.
Ти благодарам Надица за трите прекрасни производи на нашата љубов Милан, Вероника и Димитар, за поткрепата и поддршката на заедничкиот животен пат.
Со божја волја и заеднички напори продолжуваме понатаму сложно да чекориме низ животот..Nadica Dimitrievska