(ФОТО) Млад американски пар кој нема никаква поврзаност со Македонија се решија за голем потег во Охрид
Охридскиот фотографи Ристе Спироски на својот твитер профил пред неколку дена сподели доста интересна вистинска случка за која вели:
Пред околу 5 месеци ме исконтактира Joshua кажувајќи ми дека доаѓа од Њујорк во Македонија и сака да ја запроси девојка му, па сакал да букира фотограф за истото.
Секако дека одма прифатив. Останавме во контакт и цело време размислувавме каде би било најдобро место за ова, па ми го спомна Канео.
Имајќи предвид дека Канео е едно од најпосетените туристички места на Балканот, ни остана да се надеваме дека нема да има многу туристи кога ќе го извади прстенот.
И така и беше, немаше многу туристи, и тие малку што беа, направија една убава атмосфера. Интересно е што Alyssa, всушност неговата свршеничка, воопшто не го очеквуаше ова, а најмалку дека нејзиниот дечко веќе букирал и фотограф, па таа уште толку се изненади.
Се радувам што овие луѓе, кои немаат никаква поврзаност со Македонија, решиле да дојдат тука и со тоа да ги знаат Охрид и Македонија како нивното најубаво сеќавање.