(ФОТО) Нервите на ГП Богородица попуштија – среде колона се испокршија два автомобили – интервенира и МВР

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Богородица“ и на „Табановце“. Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), за излез од земјава на „Богородица“ и за влез во земјава на „Табановце“ се чека околу 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.

Сепак фактичката состојба на Богородица е нешто поразлична, односно гужвите си го прават своето па задржувањето е многу поголемо.

Па така нервите на многумина се при крај, а на некој очигледно попуштиле што може да се заклучи од фотографиите што пристигаат на социјалните мрежи.

Очигледно она втурнување од лента во лента, да се украде некој метар си го направи своето, па два автомобили се удриле и има штета, а на терен е МВР.