(ФОТО) Нетанјаху објави страшни фотографии од бебиња убиени и изгорени од Хамас

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави „ужасни фотографии од бебиња убиени и запалени од чудовишта на Хамас“.

„Хамас е нехуман. Хамас е ИСИС“, се вели во објавата на социјалните мрежи од канцеларијата на Нетанјаху.

На трите фотографии се прикажани две бебиња чии тела биле изгорени до непрепознатливост и трето тело облиено со крв.

Во соопштението на Нетанјаху се вели дека сликите се дел од фотографиите што Нетанјаху ги покажа на американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на неговата посета на Ерусалим во четвртокот.