(ФОТО) Перо Антиќ на контроверзен политички собир во странство, но не во Србија

Република Српска денеска слави 32 години од своето основање. Но, 9 јануари е познат како еден од поводите за војната во 1992 година. Уставниот суд на БиХ не го признава тој празник.

Милорад Додик знае како да разбуди емоции. „Нема да ја спроведам таа одлука, а тие нека ја врзат за некоја друга работа“, свесно националистички претседателот на Република Српска ја коментираше одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина од 1995 година.

Уставниот суд, кој го сочинуваат судии од сите три конститутивни народи во Босна и Херцеговина, и тројца странски судии, донесе одлука 9 јануари 1992 година – денот на основањето на Република Српска – да се прогласи за неуставен. Судот изјави дека ова ги дискриминира Бошњаците и Хрватите кои, исто така, живеат во РС.

Уставниот суд потоа неколкупати ја потврдуваше таа пресуда. Но, таа не е спроведена до денес – напротив. На 9 јануари 2024 година, Република Српска повторно се претставува како држава во рамките на државата Босна и Херцеговина.

Денес имаше голема воено-полициска парада и дефиле во Бања Лука, а на него присуствуваше и нашиот прославен кошаркар и актуелен претседател на КФСМ, Перо Антиќ.

За потсетување неодамна беше во кампањата на Александар Вучиќ на изборите во Србија, а ете сега е активен и во Босна и Херцеговина.