(ФОТО) По 6 години за првпат излезе од затвор и веднаш отиде на кафе со Митко Јанчев

Градоначалникот на Кавадарц,Митко Јанчев знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење.

Тој е еден од најуспешните приватни стопанственици кај нас, сопственик на фабриката за производство на вода, „Кожуфчанка“ од Кавадарци.

Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава.

Речиси да нема ден, а на неговата фејсбук страна да нема по некоја објава, како службени, така и од прватниот живот.

-Градоначалникот Митко Јанчев на кафе дружба со Митко Пешов и неговиот син, кој по 6 години го користи својот прв слободен викенд.

Силно се надеваме дека неправедно осудените лица во случајот “27ми април”, ќе дочекаат правда и ќе бидат онаму каде што му е местото, покрај своите најблиски.