(ФОТО) Се омажи поранешната македонска министерка – блескаше на свадбата во две венчаници
Нина Ангеловска е добро познато име и презиме на македонска јавност, а најмногу ја препознаваат како поранешна министерка за финансии.
Таа е соосновач и била на чело на првата платформа за зделки и водечка компанија за е-трговија во Македонија, Групер.мк, лансирана во 2011 година што го трансформирање пазарот за е-трговија.
Во август 2019 година, Ангеловска била назначена за министер за финансии во Македонија функција каде што остана една година пред да ја наследи Фатмир Бесими.
Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска веќе подолг период како се повлече од политичките води и јавноста и поради тоа ретко имаме прилика да ја видиме каде е и што прави, но се уште се занимава со бизнис и е-трговија.
Од неодамна Ангеловска почна да споделува моменти и со нејзиниот партнер, па во последната Инстаграм објава од десетина слики Нина ги објави среќните моменти со партнерот, а сега ја официјализирале врската, па Нина го покажа прстенот.
Имено, станува збор за докторот Виктор Станков со кого вчеравечер официјално се венчаа во Соборниот храм и направија свадбена прослава.
Од она што можеше да се види за венчавањето и прославата Нина одбрала две различни венчаници во кои изгледа навистина прекрасно.