(ФОТО) Со мирен глас објави: Решивме да ставиме точка

Нападот врз Израел беше објавен со мирен и прецизен глас на видеото што беше емитувано, велејќи: „Одлучивме да ставиме точка…“

Тој глас на снимката, пишува „Фајненшл тајмс“, наводно му припаѓа на Мохамед Деиф, командантот на военото крило на палестинската милитантна група Хамас и мозокот на нападот.

„Во светло на континуираните злосторства против нашиот народ, во светлината на окупациската оргија и нејзиното негирање на меѓународните закони и резолуции, како и во светлината на американската и западната поддршка, решивме да ставиме точка на сето ова за да разбере непријателот дека повеќе не може да дејствува без да биде повикан на одговорност“, се слуша мирен и прецизен глас на видеото објавено неколку часа по саботниот напад врз Израел.

Судирите што избија во саботата ја одведоа повеќедецениската кампања на Деиф против еврејската држава на неочекувано ниво. Додека се емитуваше неговата порака, стотици борци на Хамас ја пробија граничната ограда меѓу блокираниот Појас Газа и израелската територија.

За неколку часа, Хамас му зададе неочекуван прв удар на Израел, земајќи десетици заложници. Стотици луѓе загинаа од двете страни, додека видеа од загинати војници и преплашени цивили кружеа на социјалните мрежи.

За Деиф, чиј прекар е „Гост“ – упатување на практиката палестинските борци секоја ноќ да ја поминуваат во домот на друг симпатизер за да избегнат израелски разузнавачки служби, нападот бил негов најхрабар и смртоносен досега.

Израел го ловел со децении и тој за малку ќе умрел во воздушен напад пред 20 години, по што наводно останал инвалид без рака и нога. Способноста на Деиф да ја надмудри израелската војска, а истовремено да убива војници и цивили, му донесе почит од палестинските милитанти.