(ФОТО) Спасе временска прогноза се пофали со Карлеуша: Бар ќе има порталите за што да пишуваат

Спасе Јовановски, или како што многумина го знаат Спасе „Рола до бола“, е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“.

Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска кој воедно е нејзин најдобар другар со кој Лила се дружи уште од многу одамна.

За себе често знае да искоментира дека е ѕвезда, а во една прилика упати порака: „До професорот у средно што рече дека од мене НИШТО НЕМА ДА БИДЕ и што ме остаи на полагање у сред АВГУСТ…Па професоре, ЦВРЦ, мало сте се зезнули. Види у каква ЅВЕЗДЕТИНА се претворив!“

Секојдневно е активен на социјалните мрежи и не е тајна дека доста познати личности од балканската естрада го следат и лајкуваат.

Така еднаш се пофали дека пејачката Теа Таировиќ му лајкува сториња, а овојпат се пофали со уште една работа:

Теа ме лајка! Карли ми ѕирка сториња! Бар ќе има порталите за што да пишуваат! (Да не е досадно)