(ФОТО) Страшно – и во Македонија се вози по автопат во обратен правец

Возењето во погрешна насока е една од најголемите грешки, а уште и недозволените промили – во тој случај полицијата е неумолива.

На македонските патишта ретко гледаме такви специјални случаи во кои некој се вози во спротивна насока, иако не е невозможно.

Така, на Инстаграм профилот на Роберто Навали споделија видео од автопатот Штип – Скопје на кое е снимено како возач вози во спротивна насока.

Снимката е направена од автомобил кој се движел по другата лента по која би требало да се движи и споменатиот возач.

Не е познато дали возачот е санкциониран и дали безбедно стигнал таму каде што наумил.