(ФОТО) Татјана Стојановска уживаше со Роби Вилијамс заедно на едно место – објави како си помина
Татјана Стојановска е една од ретките жени во Македонија која важи за една од најубавите, а многупати медиумите и го даваат епитетот дека старее како добро вино.
Татјана Стојановска долги години важи за добро познато лице на македонската јавност и со право го носи епитетот за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки.
Во последно време таа особено внимава на својот изглед, но се реши и за неколку промени, ја промени бојата на косата но и направи корекција на усните.
Стојановска како сама, така и со својот сопруг Михаил исто така доста патува низ светот и ужива кога тоа и дозволува слободното време поради своите работни обврски.
Што беше случај неодамна а за што сподели фотографии и видеа на својот инстаграм профил како си помина.
Имено Роберт Питер „Роби“ Вилијамс е англиски пејач – текстописец, вокален тренер и повремен глумец, едноставо една од најпознатите светски музички ѕвезди.
Токму Татјана беше на негов настап, поточно на концерт од светската турнеја во италијанска Болоња каде што уживаше во неговите песни.