Хероите на денот се кочанските пожарникари и доброволци: Го спасија градот и околните села од голема не воља
На градот Кочани и околните села денес малку валеше да им се случат сцените од Илинден 2021 година кога голем пожар влезе во првите куќи во градот.
Имено денес, земјоделците со цел да си ги очистат нивите по најбрз и најокономичен начин решија да подметнат бројни огнови на отворено.
Ветрот кој и тоа како силно дуваше, допринесе истиот да излезе од контрола и со голема брзина да се доближи до првите куќи и објекти во околните села.
Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво со надчовечки напори и скоро 9 часовна интервенција на терен спречија да има голема невоља.
Иако има материјална ште та, истата во споредба со она што можеше да биде е минимална.
Целокупниот расположлив персонал на ТППЕ и ДППД Кочани денес беше ставен на располагања со околу 30 лица на терен и 7 возила.
Со оглед на тоа што се уште дува силен ветар, има на неколку места оставено дежурни екипи да ја следат ситуацијата.