Христијан Мицковски во тага: Аххх бре Ванче, замина без да се простиме

Универзитетскиот професор и актуелн претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е секојдневно активен на социјалните мрежи.

Така беше и изминатата вечер кога се огласи на својот фејсбук профил, но со не така убава информација.

Аххх бре Ванче, замина без да се простиме…, а ти ветив дека после Велигден се гледаме на состанок во Кратово.

А сега што? Ќе дојдам утре непланирано…, ќе дојдам утре да те испратам кон твојот вечен дом.

ВМРО-ДПМНЕ во Кратово не загуби Претседател туку голем човек. За жал судбината така сакаше, твојот живот запре, но останаа делата и нашата почит кон твојата личност.

Почивај во мир братко, ќе се најдеме таму горе некаде и ќе го продолжиме тоа што не успеавме да го завршиме тука заедно.