Ковачевски: Платите во мојот втор мандат ќе биде 1000 евра

Екс премиерот и актуелниот прв човек на СДСМ, Димитар Ковачевски се огласи:

Платите ќе продолжат да растат со СДСМ. Успеавме просечната плата да ја донесеме до 40.000 денари, тоа е скоро дупло повеќе во споредба со 2017 година кога беше 23.850 денари и кога работникот беше третиран како евтина работна сила.

Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра.

СДСМ го цени трудот на работникот, грижата за сите е темелот на нашите политики, затоа ќе продолжиме да работиме во служба на граѓаните и да го креваме стандардот за живот дома.

Денеска ја посетив Киел Македонија, успешна компанија која го проширува бизнисот со нова инвестиција од 9.2 милиони евра.

Мерките и политиките на СДСМ директно придонесуваат за развојот на македонската економија, а оваа компанија претставува одличен пример за економски резултат од партнерството меѓу државата и бизнисот.

Во Киел работат и повеќе млади луѓе со кои денес имав прилика да поразговарам. Со мерката на #СДСМ за младински додаток, обезбедивме дополнителни 3.000 денари во џебот на секој млад човек.