ЦУК итно се огласи: Патниот правец помеѓу два града од истокот на Македонија во прекин – познато каде и зошто

Македонија од пладнево е зафатена со големо невреме, проследено на одредени места со пороен дожд, но и град, како и силен ветер.

Прв на удар беше Охрид и околината, но невремето не ја заобиколи ниту источна Македонија.

Центарот за управување со кризи пред неколку моменти се огласи на социјалните мрежи каде што информираше.

Општина Берово е зафатена со пороен дожд и град. Патниот правец Берово-Виница е во прекин кај с.Смојмирово бидејки е надојдено многу вода од Колачински поток.

Исто така Смојмирска река е надојдена и има штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти.