Чичко Душко и во осмата деценија од животот работи и не дозволува да згасне овој занает
Ковачките работилници во околијата одамна се затворени а само во домот на чичко Душан може да се слушне ковачкиот чекан.
Ковачот Душко Милин од Басаид навлезен е веќе во осмата деценија од животот и е еден од последните ковачи во регионот.
Тој своите пензионерски денови ги минува токму во неговата работилница. Вели дека оваа работа ја избрал затоа што многу ја сакал
Татко му бил ковач, па Душко смета дека гените биле пресудни во неговата одлука: Од мали нозе се заинтересирав за ковач, татко ми беше ковач, па учев од него.
Родениот брат не бeше заинтересиран за оваа работа, повеќе се занимаваше со спорт. Тој отиде на стадион, а јас на ковање. Татко ни по чина доста млад па морав посериозно да се занимавам со овој занает – вели Душко.
Во својата работилница има неколку алати и, како што вели, иако денес има уште многу полесни и помодерни, доволно му е тоа што го има: наковална, ога н, чекан и машина за заварување.
Потребен е голем физички напор. Тешко е особено во лето, кога е топло, а треба да се застане покрај ог нот. Но, за Душко тоа не претставува проблем.
– Ковањето бара волја за работа. Како и со секоја работа, ако нешто не ви се допаѓа, не ни почнувајте да го работите.
Кога ковам плуг, проверувам дали сум го направил добро, дали сум задоволен или не. Веќе имам доволно искуство за да ја оценам работата што ја работам – вели Душко.
Порано селото било полно со коњи и претежно земјата се обработувала на старомоден начин со коњи кои влечат и работеле, па имало многу повеќе работа и за ковачите.
И покрај тоа што од таа работа не се живее, затоа што не е достапна секој ден, Душко со речиси насолзени очи вели дека би сакал некој да го наследи, но засега нема никој. Синот е молер, а внуците и правнуците на своја страна.