Чичко Ѓоше од штип е уникат: Само тој произведува и продава оцет од вакво потекло

Домашно произведен, природен и ефикасен оцет од јапонско јаболко продава чичко Ѓоше на Градскиот пазар во Штип. Вели идеата ја добил од интернет.

-Го имав видено на социјалните мрежи и потекнува од Јапонија. Помага за лечење стомачна болка и проблем со цревата, вели за ТВ Стар.

Здравите придобивки на оцетот потекнуваат од оние со кои изобилува самата јапонска јаболка.

За да се добие оцет од јапонски јаболка потребно се дури 9 месеци

-За да израбоам најмалку ми е потребно 9 месеци, да одлеже и ферментира јапонското јаболко е многу благо и за да стане оцет потребно е време. Започнува од доцна есен, собираме јаболка и ги ставаме во буриња, па до пролет ферменира и после се процедува и филтрира.

Иако со многу здрави придобивки и очекување за висока цена, сепак оцетот на чичко Ѓоше може да си го дозволи секој.

Цената е 150 денар литар ипол. Овие што се запознати го трошат

Оние кои веќе дознале дека вакво лековите нешто се продава токму на пазарот веќе купуваат, па тој е задоволен од побарувачката.