Штипската клиничка болница останува со само три анестезиолози – директорот бара нови 50 вработени

Секаков вид персонал недостасува на речиси сите одделенија во Клиничка болница Штип. Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и друг персонал.

Како што се наведува дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на КБ Штип, доктор Ален Георгијев, ситуацијата со кадарот е тешка. Денеска се потпишани барањата за вработување, Георгијев очекува позитивен одговор од страна на министерството.

„Со оваа група која замина во приватната болница и овие два месеци имаме пензионирање на повеќе профили, сериозно се наруши бројката на вработени во КБ Штип. Денеска ги потпишав барањата за вработување кои ќе бидат упатени до Министерството за здравство.

Се надевам дека после две ипол годни конечно ќе бидат потпишани решенијата за примање“ – вели Георгијев за Мнет телевизија.

Најпогоден е Одделот за анестезија, од каде за два до три месеца си заминува уште еден анестезиолог, па на овој оддел ќе останат само тројца кои ќе треба да ја извршуваат работата во целата болница.

Недостаток на кадар има буквално на сите оддели, но загружувачка е ситуацијата на ортопедија, Одделот за очни болетсти, инфективното одделение и слично.

„Ние имаме недостаток буквално на сите оддели, најдрастична бројка каде ни треба да пополниме е Одделот за анестезија каде веќе во март април ќе останеме со минус уште еден доктор и докторот кој замнина во приватната ординација ние ќе се сведеме буквално на тројца анестезиолози за цела болница со што ќе се отежни процесот на изведување на оперативни процедури, имаме потреба на ортопедија, на Одделот за очна болести, инфективни болести“ – додава Георгијев.

Во последните две години Клиничка болница Штип нема ниту едно вработување на персонал.

Токму заради оваа причина а дополнително на фактот дека дел од вработените заминуваат од болницата на работа во приватното здравство, се пензионираат и слично, од над 500 вработени, бројот сега е сведен на 440.