Ѓорѓи од Штип од арамии изгубил желба да развие селски туризам: Јас ќе донесам, тие ќе однесат
Од идеја за развој на селски туризам, денеска постојат само рушевини, искршен инвентар, столови и проект кој веќе го нема.
Ѓорги Крстовски од Штип пред десетина години со идејата да го развие селскиот туризам, купува имот во село Козјак, карбинско.
Простор за одмор и рекреација, можност за ловење риби и уживање во топлите денови, селска идила се само замисли кој заради многубројните краж би не може да биде реално.
Крстовски вели дека многу вложил во овој простор, но денеска разочарано раскажува дека од вложеното не му останало речиси ништо.
– Започнав да вложувам овде, започнав со подготовки, донесов и чамец, планирав да правам и рибник, но од првиот ден започнаа кражбите и не прекинаа.
– Јас годишно имам по 5-6 краж би вели Крстовски пред камерите на ,, М-нет телевизија” видно разочарано од случувањата.
Синоќе повторно бил раз биен, бил испразнет фрижидерот и земени сите вредни работи, зимницата била изедена, и е причинета поголема материјална ште та.
Од некогаш убаво среден и угледен простор, денеска имотот личи на колиба која е пред распаѓање: Донесов многу работи овде кој планирав да ги искористам за развој на селски туризам, додава Ѓорги.
– При последното разби вање ми е однесено десет кила месо, земени се неколку машинки и справи, се што е вредно буквално е земено.
– Се јавував на полицијата, но за жал ништо не се превзема и краж бите се повторуваат и тоа се почесто, вели видно раазочаран Крстовски во разговоро за Мнет телевизија.
Тој се надева дека службите ке си ја завршат работата и дека ќе престанат краж бите еднаш за секогаш, со цел да се развие селскиот туризам и младите да останат во државата, во спротивно ќе продолжи масовното селење.